Насловна / Вести / Германска компанија патентираше револуционера батерија налик на жив организам

Германска компанија патентираше револуционера батерија налик на жив организам

Германската фирма CMBLu тргнува со пилот прпроизводство на иновативен акумулатор какав што е неопходен за складиштење на огромни количини на  енергија од обновливи извори. Функционира по примерот на жив организам кој од глукоза создава енергија. „Природата  имала избор – можела да користи метали или органски молекули за складиштење на енергија: Ги избрала органските соединенија. Тоа го направивме и ние!“, истакнува на својот сајт фирмата CMBLu со седиште во местото Алценау во Баварија.

organicflow1

Резултатот е револуционерен: Organic Solid-Flow (органска, цврсто-течна) батерија. Тоа е економски исплатлив, еколошки, ефикасен, безбеден и по капацитет и перформанси прилагодлив акумулатор за складиштење на  електрична енергија. „Проблемот со складиштењето на енергијата е свет грал на енергетската транзиција“, вели  Арне Хаунер, директор за иновации во енергетскиот гигант „Унипер“ кој е еден од партнерите на CMBlu во овој проект. А во 2011 година ова беше само истражувачки проект – мал тим на посветени научници. Во 2015 година е представен прототипот на батеријата базирана на лигнин – биополимер, макромолекула која се синтетизира во ќелиите на повеќегодишните растенија – односно дрвја.  „Ние правиме содиненија на јаглерод по угледот на Kребсовиот циклус, на нашиот и било кој жив организам, со кој од глукозе создава енергија“, истакнуваат од CMBlu.

organicflow2

Испрати коментар

Scroll To Top