Насловна / Арт и дизајн / Германска банка ја враќа сликата на Кандински украдена за време на Втората светска војна

Германска банка ја враќа сликата на Кандински украдена за време на Втората светска војна

Банката „Бајерише Ландесбанк“ со седиште во Минхен наредила да се врати сликата на Василиј Кандински на семејството Левенштајн од Амстердам, одземена за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.

Германскиот комитет за реституција одлучи дека „Бајерише Ландесбанк“ мора да ја врати сликата под име „Шарен живот“ од Василиј Кандински на наследниците на семејството Левенштајн, во чија сопственост било ова уметничко дело, долго пред нацистите да го конфискуваат за време на Втората светска војна.

Вредноста на сликата се проценува, меѓу 70 и 80 милиони евра, а германската банка ја набавила во 1972 година и позајмила на музејот Ленбахаус во Минхен.

ка

„Шарен живот“

„Оваа пресуда донесе правда за жртвите на националсоцијализмот“, рече Џејмс Палмер од корпорацијата Мондекс, во име на наследниците на семејството Левенштајн.

Во 2022 година, властите на градот Амстердам, по долга правна битка, вратиле на семејството Левенштајн уште едно дело на Кандински – „Слика со куќи“.

Комитетот за реституција во 2018 година донесе одлука дека градските власти не се обврзани да ја вратат сликата, но градските раководители се одлучиле на таков чекор, бидејќи Извештајот на Комитетот Констам укажал на „одговорноста на градот, кој треба на вистински начин да се соочи со неправдата и непоправливите страдања нанесени на амстердамските Евреии за време на Втората светска војна“.

Испрати коментар

Scroll To Top