Компанијата BayWa r.e. ја заврши изградбата на соларниот парк од 10 MW на околу 50 km северно од Бајројт, кој е поврзан со мрежата на постоечката ветерна електрана од 24 MW. Главниот предизвик за овој иновативен проект бил развојот на идејното решение кое би гарантирало врска со висок капацитет, истовремено произведувајќи енергија од ветерот и соларна енергија. „Хибридните проекти и натаму се во мал број во Германија, и затоа имаме ограничено искуство со таквите системи. Тоа се однесува и на проектантите, и на операторите на мрежата. Двете страни мора да соработуваат з ада се обезбеди успех“ објаснува менаџерот на проектот.
Овие системи се исплатливи бидејќи е потребно само едно поврзување на мрежа, а во иднина ќе станат популарни и поради позитивните влијанија на електроенергетската мрежа.