Германскиот министер за економија има намера да побара прекин на работењето на некои термоцентрали на јаглен, со цел да се намали загадувањето. Како што наведуваат германските медиуми, минитерството за економија постигнало договор со министерството за заштита на животната средина, до 2020 година емисијата на стакленичките гасови од енергетскиот сектор да се ограничи на 22 милиони тони.
За да се постигне тоа, ќе биде неопходно да се затворат термоцентралите на јаглен, кои се најголеми загадувачи. Одлуката за нивно затворање треба да биде донесена до 3 декември 2014, кога акциониот план за прашањата на климата ќе биде предаден на Владата. По некои проценки, затворањето на некои термоцентрали на јаглен би предизвикало поскапување на електричната енергија за 15% до 2020 година, и укинување на 74.000 работни места. Институтот за истажување, основан од страна на фондацијата на Хајнрих Бел, блиска на зелените, тврди дека негативни последици нема да има.