Насловна / Вести / Германија заработува милиони евра од отпад

Германија заработува милиони евра од отпад

Selekcija na otpad germanija

Багери туркаат планина од ѓубре и едноставно во земја го закопуваат она што се собрало во кантите за смет на граѓните. На небото прелетуваат големи јата птици. Малку подоцна, на депонијата можат да се забележат луѓе со пластични кеси. Тие го собираат се’ она што сметаат дека е вредно. Такви сцени можеа да се видат  во многу германски градови до средината на осумдесеттите години на минатиот век. Рециклирањето тогаш беше непознат поим дури и за германците. Но, нешто подоцна, капацитетите на депониите речиси станаа недоволни за целокупната количина отпад.

Zelena tocka Germanija

Затоа, во 1991 година се донесе закон за пакување, кој одредува дека секој производител мора да преземе одговорност за својот производ и откако ќе го продаде. Индустријата затоа го смисли одвоеното собирање (во канти за смет со различна боја) и рециклирање на отпад, кое го нарече дуален систем. Негов претпознатлив знак беше симбол на затворен тек – „зелена точка“ (Der Grune Punkt). Тој и денес се наоѓа на сите производи кои може да се рециклираат.„Ангажманот на луѓето на почетокот беше навистина голем“, вели Норберт Фел од Дуалниот систем на Германија (ДСД). За тоа се заслужни милионите евра вложени во рекламни кампањи. Одделувањето на отпадот беше тема дури и во книгите за деца.Денес рециклирањето во Германија стана „хај-тек“ индустрија. Научници и инженери работат на подобрување на технологијата, а веќе и во  процесот на дизајнирање на производите се води грижа тие подоцна полесно да се рециклираат. Денес 40 отсто од собраната пластика прецизно се сортира по видови. Се произведува 21 милион тони нова пластика. Ако еден тон нова пластика чини од  1.200 до 1.400 евра, рециклираната е само 500 евра.

Kamion za gjubre Germanija

Рециклираните материјали се три до четири пати повредни од отпадот од кој настануваат. Така, во Германија настана просперитетна гранка во индустријата со годишен приход од над 200 милијарди евра. Таа економска гранка годишно расте за 14% и обезбедува работа за околу 250.000 лица.

Рециклирање е извозен хит за германската индустрија. Азија увезува се’ повеќе рециклиран суров материјал „Made in Germany“. Кога Германците пред 30 години започнаа да одделуваат отпад со користење на разнобојни канти за смет, ова што се случува денс сигурно никој не можел да го претпостави.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top