Насловна / Вести / Германија започна процес за добивање чиста и безбедна нуклеарна енергија

Германија започна процес за добивање чиста и безбедна нуклеарна енергија

Merkel Angela nuklearna fuzija

Германската канцеларка Ангела Меркел, која е доктор на физички науки, денес имаше чест да го пушти во работа фузискиот реактор кој произведе првата водородна плазма. Настанот се случи на церемонијата во Институтот „Макс Планк“, а на него присуствувале и многу претставници од науката и политиката.

Станува збор за нуклеарна фузија што може да доведе до обезбедување на чиста и безбедна нуклеарнна енергија за генерациите пред нас.

Reaktor za nuklearna fuzija

Истражувачите вбризгаа мала доза на водород во специјална направа и го загреваа, додека да се претвори во супер топол гас, познат како плазма. На тој начин, се имитираше состојба каква што може да се најде само во внатрешноста на Сонцето.

Експериментот во Институтот „Макс Планк“ во Грајфвалд во североисточна Германија е дел од светските напори да се дојде до контролирана нуклеарна фузија, процес во кој атомите се соединуваат при екстремно висока температура и ослободуваат огромно количество енергија.

REaktor za nuklearna fuzija1

Научниците засега тврдат дека комерцијалната употреба на енергијата од нуклеарна фузија нема да биде можна во наредните дваесетина години, но сметаат дека тоа е најдобриот начин да се заменат сегашните извори на енергија од фосилни горива и реактори со класична нуклеарна фисија.

Споредена со нуклеарната фисија, што произведува огромно количество на радиоактивен материјал кој не се распаѓа со векови, отпадот од нуклеарната фузија е незначителен. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top