Германската влада обезбедила 204 милиони евра за заштита на животната средина во Бразил. Од овие средства, 38 милиони долари е донација од Фондот за зачувување на Амазон, што претставува најголем придонес за заштита на амазонската прашума. Германија исто така се обврзала и да им обезбеди 87 милиони евра за земјоделците, преку заеми со ниски камати за обнова ан земјоделските површини и 34 милиони долари за заштита на Амазон.
Претседателот на Бразил Лула да Силва кој стапи на должност на почетокот на јануари, истакнал дека овие средства се дора прилика да се направи позитивен пресврт. Моменталната ситуација е алармантна со оглед дека сечата на шумите во бразилска Амазонија достигнала максимум во последните 15 години, преку целосно укинување на политиките за заштита на животната средина во корист на агробизнисот. Амазонската прашума покрива површина двојно поголема од Индија и служи како брана на климатските промени. Околу две третини од оваа прашума се наоѓа на територијата на Бразил. Амазонската прашума е шума со најголем биодиверзитет на светот.