Насловна / Вести / Германија стартува пилот проект за безжично полнење на возилата на автопат

Германија стартува пилот проект за безжично полнење на возилата на автопат

Германските автопатшта ќе дочекаат свој сопствен систем за полнење на електричните возила. Во склоп на пилот проектот ваква привилегија ќе има автобус кој превезува патници до градот Балинген. Технологијата ја обезбедува израелската компанија за безжично полнење Electreon, која на реализација нa проектот ќе соработува со германската компанија EnBW – провајдер на инфраструктура за полнење на електрични возила.

electreon1

Electreon ќе постави 1km електричен патен систем (ERS) долж делот на автопатот, обезбедувајќи динамичко безжично полнење додека автобусот е во движење. Ова ќе биде пропратено со две станици за статичко полнење поставени на постојките долж автобуската рута. Проектот се состои од две фази – прво, поставување на траса долга 400 метри со две статички станици за полнење, а потоа проширување на „електричната улица“ за уште 600 метри. Двете компании веќе го имаат тестирано овој концепт во Карлсруе, каде во центарот за обука на EnBW е поставен електрифициран пат, за погон на локален автобус. Изреалската компанија има имплементирано вакви проекти во Италија и Шведска.

electreon2

Безжичното полнење на улиците би можело да игра клучна улога во елиминација на стравот околу дометот и непријатностите поради долгото време на полнење на станиците. За возврат, тоа ќе го олесни преминот на електрични возила. Од друга страна, тоа бара огромна промена (и вложување) во инфраструктура, која до моментот кога ќе се реализира, би можела да се покаже како застарена поради технолошкиот напредок кај конвенционалните станици за полнење.

electreon3

 

Испрати коментар

Scroll To Top