Германската влада ќе може да купи удели во енергетските компании кои се во тешка состојба, согласно неодмана подготвениот нацрт закон. „Мораме да се подготвиме за фактот дека ситуацијата нема да се смени во блиска иднина, односно со други зборови – стоиме пред историски предизвик“, им рекол канцеларот Шолц на новинарите после состанокот со челниците на синдикатите и здруженијата на работодавачи, а со цел да разговараат за кризата и трошоците на живот. Според новите енергетски предлози, владата би можела да превземе удели со право на глас или без право на глас во компаниите поврзани со критичната инфраструктира, по пат на истите механизми кои ги користеше за спасување на компаниите во текот на пандемијата со коронавирусот. За амандманите во моментот се расправа во министерствата.
Официјални владини претставници веќе разговарале со Uniper, најголемиот купувач на руски гас во Германија, за можен пакет за спасување. Таа компанија во моментот добива само 40% од гасот од Русија а неговата спот цена е пет пати повисока отколку лани. Вестите за предложените законски измени довеле до пад на акциите, а како причина трговците ги наведуваат ризиците од национализација. Можното спасување на Uniper веројатно би се реализирало по примерот на пандемиската помош за авио компанијата Lufthansa, која е спасена од банкрот со пакет помош од 9 милијарди евра. Со тоа државата презеде 20% удел во компанијата.