Германската Сојузна влада расправа за превземање на уште поголем удел во најголемиот тамошен увозник на гас, енергетската компанија Uniper, со оглед дека компанијата се соочува со финансиски потешкотии предизвикани од драстичното намалување на испораките од руски гас. Со оглед на „растечката неизвесност“, сега се испитува, меѓу останатото можноста за „директно зголемување на капиталот кое би довело до мнозински удел на Сојузната влада во Uniper“, велат од компанијата.
Проблемите на Uniper се сериозни откако Русија значително ги намали своите испораки ан гас за Германија. Затоа, компанијата морала да ги исполнува договорите кон своите потрошувачи со обезбедување на скап гас од други земји. Инаку како резултат на претходен пакет за спас на оваа компанија, во мај годинава, Сојузната влада веќе презеде 30% од акциите во Uniper.