Насловна / Вести / Германија: Прв велосипедски мост со подно греење

Германија: Прв велосипедски мост со подно греење

Еден од првите светски велосипедски мостови со подно греење е отворен во градот Tuebingen. Тоа на велосипедистите им овозможува посигурно возење во зимски услови, вели градоначалникот Boris Palmer, при неодамнешното отворање на мостот. Иако улиците и мостовите со подно греење не се непознаница, а се почесто се разгледува нивно воведување во подрачјата со сообраќајни гужви и остри зими, сепак мост со подно греење е реткост за велосипедисти. Стручњаците од Германскиот клуб за велосипедисти (ADFC) велат дека не знаат дали досега е изграден велосипедски мост со подно греење. Градовите ширум Европа забрзано ја подобруваат својата велосипедска инфраструктура, особено со воведување на заштитени велосипедски патеки, со оглед на порастот на бројот на велосипедисти во текот на пандемијата. „Загреаните мостови за велосипедисти имаа смисла. Солта не може целосно да го отстрани мразот од улиците, а тоа важи и за мостовите“,  вели портпаролот на ADFC.

heizung1

heizung2

Испрати коментар

Scroll To Top