Насловна / Вести / Германија: Поради проширување на рудник за јаглен, се демонтира ветерен парк

Германија: Поради проширување на рудник за јаглен, се демонтира ветерен парк

Ветерните турбини во близина на површинскиот коп на рудникот на јаглен Garzwiler во сојузната држава Северна Рајна Вестфалија, со кој управува германскиот енергетски гигант RWE, ќе бидат демонтирани со цел продолжување со експлоатацијата на лигнит, односно проширувањето на јагленокопот.  Ветерниот парк е пуштен во работа во 2001 година.

garcweiler2

Според наводите на компанијата RWE, годишното производство на лигнит во рудникот Garzweiler, изнесува 25 милиони тони, додека експлоатационите резерви се проценети дека ќе траат до 2045 година. Првобитно, експлоатацијата била ограничена на подрачје од 66 квадратни километри во подрачјето Garzweiler 1, а ископувањата се проширени во 2006 година во секторот Garzweiler 2 на површина од 48 квадратни километри. Населението во неколку општини во областа западно од градот Келн, морало да бидат преселени со цел експлоатација на јаглен во ова подрачје. Со последново проширување, освен демонтирање на ветерниот парк, целосно ќе се расели и едно населено место.

Garzweiler surface mine with wind turbines in background, North Rhine-Westphalia, Germany

 

Овие активности се во насока на зголемување на производството на електрична енергија во екот на енергетската криза. Сепак и RWE и сојузната држава каде се наоѓа овој рудник,  истакнуваат дека ќе се престане со експлоатација на јаглен до 2030 година. Климатските активисти протестираат против проширувањето на рудникот, и ја нарекуваат цинична и лицемерна.

 

Испрати коментар

Scroll To Top