Насловна / Вести / Германија подготви милијарди, за да обезбеди поефтина енергија за индустријата

Германија подготви милијарди, за да обезбеди поефтина енергија за индустријата

Германската владина коалиција договорила пaкет мерки, вреден милијарди евра, со цел во наредните пет години да и помогне на индустријата со растечките цени на енергијата. Сетот мерки, кои главно ги таргетира компаниите кои се големи потрошувачи на енергија, се проценува на износ од 12 милијарди евра само во 2024 година. До 2028 година, се очекува вредноста на пакетот да изнесува 28 милијарди евра.

germany1

Германската индустрија е погодена со кризата во снабдувањето со природен гас , додека домашното производство на електрична енергија опаѓа откако годинава се затворени последните три нуклеарни реактори. Владата исто така дала зелено светло за повторно покренување на неколку термоцентрали на јаглен, со цел да се спречи недостаток на електрична енергија во текот на зимата. Предлогот треба да биде одобрен и од страна на парламентот, а веќе е дочекан со одобрување од страна на претставниците на индустријата. Но, планот е истовремено и предмет на критики, поради штетета која може да му ја нанесе на процесот на декарбонизација, со тоа што и натаму се овозможуваат активности кои емитуваат јаглерод диоксид. На пример, Greenpeace, вели дека планираните мерки ќе ги поткопаат субвенциите за намалување на потрошувачката на енергија и за намалување на емисиите. Оваа организација верува дека германската влада треба да пружи таргетирана поддршка на компаниите кои преминуваат на поефикасно производство и кои користат обновливи извори.

News conference on high gas prices at the Chancellery in Berlin

Конкретно, пакетот мерки вклучува намалување на данокот на електричната енергија во 2024 и 2025 година, на минимунот кој е дозволен со европската регулатива, Оваа мерка може да се продолжи и до 2028 година, доколку тоа го дозволува федералниот буџет. Исто така, предлогот вклучува и продолжени шеми на субвенционирање во наредните пет години за 350 германски компании кои работата на меѓународните пазари. Оваа шема исто така предвидува надомест за дел од трошоците за CO2 за електрична енергија во склоп на системот за тргување со емисии (EU ETS). Пакетот вклучува и петгодишно продолжување на правилата кои ги ограничуваат вкупните трошоци за тргување со емсиите за околу 90 енергетски интензивни компании, како и државни субвенции за ограничување на зголемувањето на тарифите за мрежа во 2024 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top