Со цел да успее во енергетската транзиција, Германија ќе се фокусира на обезбедување на синџирите за снабдување и доверливи производни капацитети на електрична енергија потребни за проширување на обновливите извори на енергија, како и пополнување на недостатокот од квалификувани работници во секторот на обновливи извори на енергија. На почетокот на годинава, се направила проценка дека во земјата недостасуваат околу 60.000 монтери годишно, доколку земјата има намера да го оствари планот за инсталирање на шест милиони топлински пумпи до 2030 година. Германскиот еконосмки институт констатира дека на Германија и фали пет милиони стручни работници до 2030 година, ако има намера да продолжи по патот на енергетската транзиција.
Надлежните во земјата се согласија околу четирите приоритети за успешна енергетска транзиција: забрзување на процесот на издавање на дозволи, зголемување на производството на енергија, имплементациај на пионерски технологии на иднината и мотивирање на луѓето да влезат во професии кои ја поддржуваат енерегетската транзиција.