Германскиот канцелар Олаф Шолц истакнува дека оваа земја не се откажува од климатските цели, и покрај енергетската криза. „Факт е дека сега мора привремено да користиме некои електрани кои веќе ги затворивме, но тоа е на краток рок. Сакаме да направиме се што можеме во борбата со климатските промени и затоа ќе се превземат чекори кои ќе обезбедат сериозен напредок во развојот на обновливите извори и зголемување на нивниот удел. Посебно ќе се фокусираме на ветерните електрани на море и на копно, но и на водородот како гориво без емисии. До 2045 година мора да имаме индустрија без емисии“, рекол канцеларот во својата видеопорака за германската јавност, потенцирајќи дека Германија ќе биде една од првите земји која ќе биде CO2 неутрална, но истовремено и глобално конкурентна.