Насловна / Вести / Германија: „Надземни острови“ како станици за полнење на електричните возови

Германија: „Надземни острови“ како станици за полнење на електричните возови

Германскиот државен железнички оператор Deutsche Bahn (DB) сака да ја унапреди електрификацијата на својата инфраструктура со кратки делници кои овозможуваат користење на батериски електрични локомотиви. Новите германски возови ги полнат своите батерии со т.н „надземни острови“, што потоа им овозможува да продолжат да патуваат по неелектрифицираните делови од пругата.

insel1

Изградбата на првите такви острови започнала во северната држава Schleswig und Holstein. DB најнапред ќе ги електрифицира додатните делници на пругите во Кил, Бад Олдесло и Бухен, на главната рута од Хамбург до Берлин.  Слични проекти се планирани за линиите на југот на земјата. Планот има економско и еколошко значење, имајќи предвид дека трошокот за изградба на надземните траси за покривање на целите железнички рути е скап и долготраен и скап.

insel2

Компанијата DB се обврзала да стане јаглеродно неутрална до 2040 година, но сеуште користи и дизелски локомотиви за товарен и локален патнички сообраќај. Неодамна DB нарачал 113 батериски електрични возови од швајцарскиот производител Stadler.

 

Испрати коментар

Scroll To Top