Насловна / Архитектура / Германија: Кулата „Нион“ вистински пример на зелена градба

Германија: Кулата „Нион“ вистински пример на зелена градба

UNStudio планира да изгради нова деловна кула „Нион“ во Германија. Осмилена како аголна зграда со вертикална линија на зеленило долж фасадата, ќе има помала потреба од енергија од мрежа, благодарение на амбициозниот пристап на одржливо проектирање кое вклучува и соларна фасада. Во проектот се вклучени и Okra Landscape Architects, а планиран е за центарот на Франкфурт и дел е од долгорочниот развој на таа област. Внатрешноста на зградата ќе има 45.000 квадратни метри и главно ќе биде наменета за деловен простор, иако на долните катови ќе има и ресторан, кафулиња како и повеќе тераси исполнети со зеленило.

nion1

Засега не е соопштена планираната височина на зградата, но рендерите покажуваат кула чиј облик и димензии би требало да се вклопи во опкружувањето. UNStudio наведува дека градбата се состои од два волумени кои се вкрстуваат, при што северозападните и југоисточните агли се отсечени со цел да се создаде впечатлив вертикален ефект, нагласен со бујно зеленило. Истакнуваат дека величината на градбата е ускладена со близината на околните згради и истакнатата позиција на „Нион“ покрај паркот.

nion2

Соларната фасада ќе биде слична со неодамнешниот модел 550 Spencer и ќе овозможува производство на електрична енергија, иако сеуште не е познато во колкава количина. Во зелената градба на оваа зграда вклучено е и управувањето со дождовницата и енергетски ефикасен геотермален систем за греење и ладење. Со зградата управува паметен систем, а предвидено е и лифтовите да рекуперираат енергија. При изградбата ќе се користат префабрикувани компоненти заедно со модуларна носечка конструкција, со цел да се намали отпадот и да се забрза времето на изградба. Ќе се употребуваат и градежни материјали кои можат да се рециклираат. Не е најавено кога „Нион“ ќе биде завршен, а изведувач е Groß & Partner.

 

Испрати коментар

Scroll To Top