Германија прави категорични чекори во насока на елиминација на загадувањето од стари дизел автомобили.
Според Automotive News, до крајот на годината ќе бидат отстранети сите законски пречки, автомобилите со еко-стандард под Евро 6, да не бидат исклучени од сообраќај во некои од градовите. Статистиката покажува дека во моментот само околу 30 проценти од дизел автомобили кои се сообраќаат низ државата одговараат на Евро 6.
Се очекува во следните пет години многу голем дел од флота да се замени, што значи дека барем половина од 14-те милиони дизел автомобили ќе бидат што е можно поеколошки.
Европската агенција за заштита на околината тврди дека околу 10.000 смртни случаи годишно стануваат токму поради високите нивоа на загадување со азотни оксиди во Германија.