Германската енергетска агенција (dena – Deutsche Energie-Agentur), распиша конкурс на кој ќе се наградат најдобрите проекти кои овозможуваат значително намалување на потрошувачката на енергија во компаниите и намалување на емисиите кои предизвикуваат климатски промени.
Најдобрите проекти ќе освојат „Награда за енергетска ефикасност за 2018 година“, која има и свој паричен дел од 30 000 евра. Натпреварот се одвива под покровителство на германскиот сојузен министер за стопанство, и германската Кредитна банка за обнова (KfW). Компаниите можат да се пријавуваат до 30.6.2018 година, Притоа можат да се пријавуваат компании од био која големина и од било која земја, а наградите ќе бидат доделени во четири категории:
• Енергетска транзиција 2.0 – за проекти кои имаат дополнителен позитивен ефект на енергетскиот систем и придонес во енергетската ефикасност
• Енергетска ефикасност: од паметно до дигитално – за проекти во распон од традиционални мерки за енергетска ефикасност до дигитални решенија
• Енергетски услуги и управување со енергијата – за проекти кои се применуваат во склоп на управувањето со енергија или кои ги спроведуваат давателите на услуги
• Награда на публиката: планови за подобрување на енергетската ефикасност – концепти кои детално илустрираат како може да се подобри енергетската ефикасност и чиј пристап покажува можност за комерцијализација (за разлика од останатите категории овде награда се доделува за проектни концепти а не за реализирани проекти). Наградите ќе бидат доделени на Конгрес кој ќе се одржи на 26.11.2018 година во Берлин.