Енергетските загруги и дригите форми на заедничко вложување во енергетски извори од страна на граѓаните, ја поттикнуваат локалната економија, ги зајакнува заедниците и го подобрува нивниот квалитет на живот. Тие се исто така една од клучните алатки за акција против климатската криза. Успешните приказни за енергетски проекти од ваков вид може да се најдат ширум Европа. REScoop.eu објавува вакви инспиративни приказни, со цел да поттикне нови иницијативи. Во продолжение и овде Ви презентираме еден успешен пример.
Приказната, поточно раѓањето на идејата почнува во далечната 1986 година. Тоа е годината во која се случи нуклеарната катастрофа во Чернобил, чии последици преку радиокативните честички ги почувствува и ги чувствува цела Европа. Во малиот град Шенау, кој се наоѓа на планината Шварцвалд во југозападна Германија, граѓаните биле многу загрижени за ризиците кои ги носи нуклеарната технологија и зазеле категоричен став против нуклеарната енергија. Но, локалниот снабдувач со електрична енергија, кој истовремено бил и оператор на дистрибутивниот систем, а управувал и со нуклеарни електрани, одбива да се усклади со нивната визија. На енергетскиот пазар на кој оваа компанија имала монопол, граѓаните смислиле храбро решение – од компамнијата да ја откупат дистрибутивната мрежа во нивниот град. Откако оваа нивна понуда е одбиена од страна на Собранието на градот, граѓаните изнудиле референдум, на кој оваа иницијатива ги добива потребните гласови.
Во 1997 година управувањето со оваа мрежа го превзема организацијата основана од граѓаните „Шенау електрани“ (Elektrizitätswerke Schönau – EWS). EWS станува прв светски снабдувач со електрична енергија и оператор на дистрибутивен систем кој произлегува од локална акциска група. Цената за превземањето не била ниска, туку 8,7 милиони тогашни германски марки. За да обезбеди финансирање, спроведена е масовна кампања со собирање на донации, која била исклучително успешна. Во исто време, незадоволни од цената за продажбата, EWS поднесува тужба, па во купопродажниот договор се врши корекција, односно крајната цена е 5,5 милиони германски марки.
Денес, EWS управува уште со осум други мрежи во околината. Снабдува над 200.000 домаќинства со енергија од обновливи извори и произведува над 60 милиони kWh „зелен“ енергија на годишно ниво. Ја стартува и програмата Sonnencent, чија цел е поддршка на децентрализираните системи за призводство на енергија од обновливи извори, системи за складирање на енергија, проекти на граѓанското општество и кампањи за енергетска транзиција