Германија одлучи привремено да ја запре сработката со Косово во различни сектори, поради тоа што владата во Приштина не презема чекори за смирување на ситиуацијата на северот. Запирањето на соработката вклучува и два проекти од секторот енергетика. Германската амбасада во Приштина потврдила дека одлуката за суспендирање на соработката во различни сектори е донесена во согласност со политиката на ЕУ, која претходно воведе мерки против Косово. Во соопштението на амбасадата се вели дека овие мерки нема да влијаат на проектите со секторот граѓанско општество, како ни на проектите кои се веќе во тек. Меѓу останатото, мерките вклучуваат и одлагање на билатералното климатско партнерство, истакнуваат од германската амбасада.
Енергетските проекти кои се откажани се однесуваат на 87 милиони евра вредната соларно термална електрана со капацитет од 70MW, со цел делумно да се декарбонизира централниот систем за греење во Приштина. Имено, компанијата за далечинско греење „Термокос“ од Приштина планирала изградба на соларна електрана во Обилиќ, на површина од 25 хектари, а таа постројка требало да биде приклучена на далечинскиот систем за греење на Приштина во 2027 година. Проектот се состои од соларен термален систем со колектори на вкупно 6,9 хектари и фотоволтаици. Проектот го развива државната Косовска енергетска корпорација (KEK). Соларните термални колектори ќе ја загреваат водата за потребите на системот за греење, која ќе се складира во подземен акумулатор на топлина. Според планот, Германија за овој проект требше да обезбеди 60,6 милиони евра. Вториот проект од енерегтката е инвестиција од 110 милиони евра за изградба на фотоволтаична електрана од 100MW, на местото на сегашната депонија за пепел за термоелектраната „Косово А“.
ЕУ има три барања кон Косово, а тоа се смирување на тензиите на северот, одржување на нови избори и враќање на дијалогот во нормализација на односите.