Насловна / Вести / Германија: Импресивна мрежа на автопати во водечката економија во Европа

Германија: Импресивна мрежа на автопати во водечката економија во Европа

Avtopat Germanija Keln - Bon    Avtopati vo Germnija mreza

Германската  мрежа на автопати (Autobahn), има вкупна должина од 12.949 километри во 2015 година, што ја вбројува меѓу нарразвиените и најдолги системи во светот. Подолга автопатска мрежа имаат само Кина (111.950 километри), САД (77.017 километри) и Шпанија (16.583 километри). Автопатската мрежа во Германија била доградувана и проширувана систематски во текот на повеќе децении.

Avtopat Germanija1

Идејата за изградба на автопат за првпат се појавила уште во средината на 20тите години од минатиот век, во времето на Вајмарската република., но изградбата течела бавно притисната од економска криза и без политичка поддршка.  Првиот пат од ваков вид бил завршен во 1932 година помеѓу Келн и Бон, и бил отворен од страна на Конрад Аденауер (тогашен градоначалник на Келн а подоцнежен канцелар на Западна Германија).

Avtopat Berlin

По преземањето на власта од страна на нацистите во 1933, Хитлер започнал амбициозен проект за изградба на автопати преку кој до 1936 година биле директно вработени 100.000 лица. Неговиот министер за пропаганда  создал од овој проект главна медиумска атракција која  привлекла внимание и на меѓунатоден план. Веднаш по Втората светска војна, западна Германија извршила сериозна санација на автопатската мрежа, а во текот на 70тите години изградени се и нови делници. Некои делови пак, биле комплетирани дури по реунификацијата на Германија во 1990. Во табелата е дадена вкупната должина на автопатите во Германија по години.

Година

Должина (km)

Година

Должина (km)

Година

Должина (km)

1935 108 1955 2,187 1990 8,822
1936 1,086 1960 2,551 1995 11,143
1937 2,010 1965 3,204 2000 11,515
1938 3,046 1970 4,110 2005 12,174
1939 3,300 1975 5,742 2010 12,813
1940 3,736 1980 7,292 2015 12,949
1950 2,128 1985 8,198

Како резултат на развиената и модерна патна инфраструктура, во периодот од 1970 до 2010 година , бројот на сообраќајни несреќи се намалил за 80% (од 19.193 на 3.648), а бројот на жртви од сообраќајни несреќи на автопатите за истиот период се намалил од 945 на 430.

Avtopat Germanija2

Колку развојот на патната инфраструктура влијаел на развојот на економијата на оваа земја, би било предмет на некоја посложена анализа, но не е тешко да се воочи зависноста.

Avtopat germanija

 

Испрати коментар

Scroll To Top