Насловна / Вести / Германија и Шпанија планираат да продолжат со изградбата на гасоводот преку Пиринеите

Германија и Шпанија планираат да продолжат со изградбата на гасоводот преку Пиринеите

Со цел да ја ублажат енергетската криза, Германија и Шпанија планираат продолжување на изградбата на гасоводот низ Пиринеите. Работите на овој проект запрени се во 2017 година. Со оглед на променетите околности, сега овие две држави и покрај противењето на Франција од аспект на влијанието врз животната средина, работат на акциски план според кој до 2025 година гасободот MidCat ќе биде пуштен во работа. Долгорочниот план е низ овој гасовод во некој момент во иднина да се транспортира и водород добиен од обновливи извори на енергија.

midcat1

midcat3

Германскиот канцелар Олаф Шолц и шпанскиот премиер Педро Санчез, категорични се во намерите за завршување на овој гасовод, откако владите на двете земји не се сложија околу низ адруги можни мерки за решавање на енергетската криза. Имено, Шпанија ги поддржа апелите во скоп на Европската унија за заедничко здружување со цел заедничко пребродување на кризата на сите 27 земји и ограничување на цените на гасот. Германија, која се спротистави на овие мерки, е искритикувана бидејќи определи пакет помош од 200 милијарди евра. Гасоводот MidCat треба да оди од Барселона, преку Пиринеите до конекторот на француската мрежа. Во Шпанија дел од гасоводот е изграден до 106 километри јужно од границата, а во Франција недостасуваат околу 102 километри за спојување.

midcat2

Испрати коментар

Scroll To Top