Насловна / Вести / Германија и Холандија во заеднички проект за експлоатација на гас од Северното море

Германија и Холандија во заеднички проект за експлоатација на гас од Северното море

Холандија ја одобри планираната заедничка експолатација на природен гас во Северното море со Германија, проект за кој се очекува да биде оперативен во 2024 година. Веќе се работи на комплетирање на потребните дозволи во двете земји, бидејќи од овој проект се очекува многу во поглед на независност од рускиот гас.

NS1

Но, проектот наиде на неодобрување кај еколошките организации и активисти, кои стравуваат дека ќе се нанесе непоправлива штета врз екосистемот во подрачјето на плитките води и мочуриштата на Ваденско море. Холандската влада уверува дека се проучени сите можни негативни влијанија врз животната средина и се земаат во предвид сите укажувања од засегнатите страни. Согласно планот, годишно ќе може да се експлоатираат две до четири милијарди кубни метри природен гас годишно.

NS2

 

Испрати коментар

Scroll To Top