Насловна / Вести / Германија: Градежните материјали најскапи во последните 73 години

Германија: Градежните материјали најскапи во последните 73 години

Цените на градежните материјали во германија достигнале највисоко ниво во последните 73 години, објави Федералниот завод за статистика на Германија  (Destatis). „Во просек во 2021 година, зголемувањето на цените на производителите на одредени градежни материјали, како што се дрвото и челикот, било најголемо откако за прв пат почнува да се спроведува вакво истражување во 1949 година“, се истакнува во соопштението.

baustoffe1

baustoffe2

Се додава дека цените на годишно ниво во 2021 година пораснале за 77,3% за масивно градежно дрво, 65,1% за летви за покриви и 61,4% за градежно дрво во однос на просекот од 2020 година. Индексот на цените на производителите на индустриски производи во Германија во 2021 година е поголем за 10,5% во однос на претходната година. „Се очекува годишната стапка на инфлација во Германија во јануари да изнесува 4,9%“, се вели во соопштението на Destatis.

baustoffe3

baumstoffe4

 

Испрати коментар

Scroll To Top