Насловна / Вести / Германија го забрзува процесот на изградба и пуштање во погон на нови ветерни електрани

Германија го забрзува процесот на изградба и пуштање во погон на нови ветерни електрани

Отворањето на копнени ветерни електрани во Германија е забрзано во првата половина од годинава, со 331 нови ветерни турбини со вкупен инсталиран капацитет од околу 1,56 GW. Со тоа, инсталираните капацитети се повисоки за 50% во одос на истиот период лани. Највеќе нови капацитети се инсталирани во сојузната држава Schleswig-Holstein, на северот, додека во остатокот на Германија користењето на енергијата од ветерот и натаму заостанува, посебно во јужниот дел. Меѓу главните бариери и натаму се издвојуваат долготрајните постапки на планирање и издавање дозволи, како и недостатокот на расположиво земјиште. Со цел да се постигнат владините цели за производство на енергија од обновливи извори до 2030 година, темпото на премин треба да се забрза, порачуваат од здружението за енергија од ветер VDMA Power Systems.

onshorewind1

Минатата година, владата усвои опсежни мерки со цел да го забрза растот на производството на електрична енергија од Сонце и ветер. До крајот на деценијата, Германија има намера од обновливи извори на енергија да покрие 80% од бруто потрошувачката на електрична енергија. ветерните турбини бо требало да додадат околу 115 GW во нови капацитети, што претпоставува годишно зголемување од по 10 GW. Прелиминарните податоци од статистичката канцеларија Destatis, покажуваат дека производството на електрична енергија во Германија се намалило во првото тромесечие, а ветерот „за влакно“ го истиснал јагленот од позицијата на главен извор на енергија. Уделот на ветерните електрани во производството во тој период, пораснал на 32,2%.

onshorewind2

 

Испрати коментар

Scroll To Top