После Вилхелмшавен, каде терминал за ТПГ е отворен во декември минатата гоидна, Лубмин на брегот на Балтикот е втората германска локација во која започна со работа терминал за ТПГ. Гасот е веќе испорачан во мрежа во склоп на пробната работа. Локацијата Лубмин е клучен дел од германската стратегија за диверзификација на снабдувањето со енергија. По почетокот на војната во Украина, Германија забрзано ја гради својата инфраструктура за увоз нa гас. За неколку месеци планирани се, одобрени и изградени два терминала за ТПГ кои веќе се во функција. Уште еден ваков терминал треба наскоро да се реализира во Брунсбутел на брегот на Северно море.
Сите овие пловечки терминали за ТПГ имаат капацитет од 5 милијарди метри кубни гас годишно, во зависност од локалните услови. Заради споредба, во 2021 година речиси 60 милијарди метри кубни дошле низ сега нефункционалниот Северен тек 1, од Русија до Германија. Германија има намера да покрие одприлика една третина од својата моментална побарувачка за гас од терминали за ТПГ во зимата 2023/24. Инвестицијата з аизградба на терминалот Лубмин чинела 100 милиони евра.