Отворањето на првата нуклеарна електрана во Турција е одложено, откако германскиот Siemens Energy не ги испорачал клучните делови, приморувајќи го руски „Росатом“ истите да ги набави од Кина. Ваквиот развој на настаните, ќе го одложи стартот на реакторот за неколку месеци. Во исто време, Турција ги анализира можностите да побара надомест на штетата од германската компанија.
Работите на изведбата на првиот нуклеарен реактор во Турција се завршени околу 90%. Од надлежното министерство во турција, велат дека прашањето на одложување на испораката на деловите е поставено на највисоко ниво, и дека постојат сериозни индиции дека на овој начин германската компанија се обидува да и наметне санкции на Русија која е изведувач на работите и чија технологија се имплементира во оваа централа.
Помеѓу Турција и Русија потпишат е меѓудржавен договор во мај 2010 година за изградба на нуклеарната електрана Akkuyu, со четири единици VVER-1200, со вкупен инсталиран капацитет од 4.800 MW. Изградбата е започната во 2013 годиниа, а интензивирана е од 2018 година. Минатата година ставено е нуклеарното гориво во првиот блок. Првобитно било планирано стартување на првиот блок во 2023 година, но споменатите доцнења тоа го помсетуваат за следната година. Другите три единици би требало да започнат со работа од 2028 година.