Насловна / Вести / Германија ги затвора двата последни рудници за мрк јаглен

Германија ги затвора двата последни рудници за мрк јаглен

Германија ги затвора своите два последни рудници за мрк јаглен, со што ја укинува индустријата која ги има положено темелите на индустриската револуција во оваа земја и нејзиниот повоено економско опоравување.  Рударите  симболично  му ја предадоа последната грутка јаглен ископана од длабочина од 1200 метри во рудникот близу градот Ботроп (Prosper – Haniel),  на германскиот претседател Штајнмаер.  Вториот рудник, во местото Обенбурен, стотина километри посеверно, официјално ќе престане со работа со почетокот на Новата година.

coal4

coal5

Рудниците за мрк јаглен своевремено доминирале со индустрискиот регион Рур, вработувајќи и по 500.000 работници во својот зенит во педесетите години од минатиот век. Но, оттогаш нивното производство е во константен пад, и преживувале само благодарение на субвенциите од  владата. Затворањето на рудникот за мрк јаглен, се смета за тест во врска со планираното укинување на германските рудници на лигнит кои сеуште работат.

Германија произведува речиси две петтини од својата електрична енергија од јаглен, а научниците тврдат дека таа состојба не може да се одржи доколку  Германија сака на продолжи со намалување на емисијата на стакленички гасови во согласност со меѓународните напори за сузбивање и борба против климатските промени.  Меѓутоа, некои стравуваат дека обновливите извори на енергија не би биле доволни, особено поради фактот што Германија планира да ги затвори своите нуклеарни централи до 2022 година. Владата формирала комисија која треба да подготви извештај и да го објави во февруари 2019, а во врска со фазното укинување на рудниците на јаглен. Експертите, вклучувајќи и странски официјални лица, еколози и претставници на рударските синдикати, исто така ќе предложат начини на кои работниците би нашле нова работа во друга индустрија.

Во светот има околу 420 рудници на мрк јаглен во светот, кои се соочуваат со иста закана на затворање во наредните години.

coal1

coal2

coal3

 

Испрати коментар

Scroll To Top