Насловна / Вести / Германија ги забрзува активностите за изградба на уште еден терминал за ТПГ

Германија ги забрзува активностите за изградба на уште еден терминал за ТПГ

Германската Сојузна влада одлучи да ги забрза активностите за развој на уште еден терминал за течен природен гас (ТПГ), и покрај несогласувањето на владата на Сојузната покраина Мекленбург – Западно поморје. Имено, Сојузната влада одлучила пристаништето Мукран да го вклучи во т.н. Закон за забрзување на развојот на ТПГ, што го отвора патот за побрзо одобрување на таквите проекти.

Nicht-öffentliche Gesprächsrunde zu LNG-Terminal auf Rügen

mukran2

Сепак, сеуште не стивнува локалното противење на изградба на терминал во Мукран, па најверојатно ќе се почека на планираните измени во Законот, иако Сојузната влада е решена да ги спроведе, повикувајќи се на зајакнување на енергетската сигурност на земјата. Конкретните плански документи мора да бидат прегледани од страна на надлежните државни тела, но моменталните проценки на Сојузната влада покажуваат дека терминалот би можел да биде пуштен во работа веќе во првиот квартал на 2024 година. Критичарите на овој проект се загрижени за туризмот, кој е важна економска гранка на споменатата локација, но и за заштитата на животната средина.

mukran3

Минатиот месец, канцеларот Шолц ја бранеше изградбата на новиот терминал, тврдејќи дека постоечките постројки на Северно море, увозот преку заподноевропските пристаништа и преку гасоводите од Норвешка, не се доволни за задоволување на потребите од природен гас.

 

Испрати коментар

Scroll To Top