Германската влада го потпиша договорот со четирите најголеми енергетски компании: E.On, RWE, EnBW и Vattenfall, кои се обвруваат да платат во фондот за затворање на нуклеарни централи вкупно 23,6 милијарди евра, додека државата треба да обезбеди услови за складиштење на нуклеарниот отпад. Исто така, компаниите во целост се одговорни за затворањето на сите нуклеарки до 2022.
Намерата на овој Договор е решавање на било каква неизвесност во врска со потенцијалните трошоци за даночните обврзници, и во исто време да им се даде јасна финансиска слика на енергетските компании за нивните обврски.
Се’ уште траат дискусиите во стручната јавност во врска со начинот на складирање на отпадот. Во моментот отпадот се чува во привремено складиште, а најголем дел од истрошеното гориво се одлага и преработува во странство, јавува „Power engineering” .