Насловна / Вести / Германија: Европските енергетски политики треба да се решаваат во Европа

Германија: Европските енергетски политики треба да се решаваат во Европа

Министерот за надворешни работи на Германија, ги повика САД да не се мешаат во прашањата во врска со европските енергетски политики. „Овие прашања треба да се решаваат во Европа, а не во САД“, порача тој на традиционалниот новогодишен прием на Источноевропските асоцијации на германската економија“. Според неговите зборови, проектот „Северен тек 2“, не е исклучиво германски и руски проект, туку има паневропско значење. Освен тоа, тој го предупреди американскиот државен сектетар дека воведувањето на еднострани санкции за „Северен тек 2“, не е правилен потег, додавајќи дека “санкциите никогаш сами по себе не биле цел, туку полиичко средство, и имаат смисла само кога се поврзани  а јасни и изводливи барања“. За жал тоа не се однесува на американските санкции кон Русија, заклучил германскиот министер.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на два крака на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе биде 55 милијарди кубни метри гас годишно. Против реализацијата на гасоводот отворено с езалагаат неколку држави меѓу кои и Украина, која се плаши од губење на транзитниот приход од сегашната рута, и САД кои сакаат да извесуваат свој гас во Европа. Германската канцеларка Меркел во повеќе наврати истакнуваше дека за Берлин, овој проект е комерцијален.

NS2

NS23

 

Испрати коментар

Scroll To Top