Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Германија – енергетски најефикасна земја

Германија – енергетски најефикасна земја

Energetska efikasnost lideri karta
На листата од 16 најголеми светски економии во областа на енергетската ефикасност, Германија се наоѓа на врвот, додека САД и Австралија на дното. Листата се креира врз основа на 31 различни параметри, меѓу кои политиките од областа на енергетската ефикасност и реалната примена на енергетски ефикасните мерки во градежништвото, индустријата и сообраќајот. Поради зголемената ефикасност во сообраќајот, Италија се наоѓа на второто место, додека Европската Унија како целина го зазема третото место. Кина и Франција го делат петтото, а Велика Британија е на шестото место.

Причината поради која Германија е на првото место, првенствено се лоцира во обврската за намалување на потрошувачката на енергија во станбените и деловните објекти за 20% до 2020 година.

Испрати коментар

Scroll To Top