Насловна / Вести / Германија, Данска и Шведска истражуваат саботажа на „Северен тек“

Германија, Данска и Шведска истражуваат саботажа на „Северен тек“

Операторите на двата гасоводи „Северен тек“, во Балтичко море кои ги поврзуваат Русија и Германија и каде дојде до големо истекување на гас, рекле дека не биле во можност да ги прегледаат оштетените делници поради ограничувањата кои ги наметнале данските и шведските власти. Данска и Шведска истражуваат што ги предизвикало дефектите во мрежата на „Северен тек“ а во врска со саботажа во данските и шведските води. Сега и германското државно обвинителство се приклучило на истрагата на она што упатува на „софистицирана саботажа“.

nsinvestigation1

Притисокот во гасоводот веќе е стабилизиран, а компанијата Nord Stream 2, рекла дека „соработува со сите релевантни тела“. Полицијата во Копенхаген ја истражува локацијата во данската (исклучива економска зона). Шведската крајбрежна стража го оградила подрачјето околу течењето во шведската исклучива економска зона“. DW јавува дека Шведска одлучила сознанијата од истрагата да не ги сподели со Русија. Напротив, Шведска ги одбива руските понуди да бидат дел од истрагата, но велат дека Москва може сама да спроведе своја истрага доколку се одлучи на таков чекор.

nsinvestigation2

Додека јавноста главно смета дека зад овие настани е можно да стојат САД, западните лидери за саботажа ја обвинуваат Русија. Путин вели дека станува збор за западен заговор во насока на уништување на енергетската инфраструктура. „Имаме докази дека две делници се намерно оштетени во најмалку две експлозии“, објавило германското обвинителство, додавајќи притоа дека не треба да се очекуваат „брзи резултати од истрагата“.

nsinvestigation3

 

Испрати коментар

Scroll To Top