Насловна / Вести / Германија бара затворање на две нуклеарни централи во Белгија

Германија бара затворање на две нуклеарни централи во Белгија

Tihang nuklearna centrala Belgija

Германските власти упатиле официјално барање до белгиската влада за затворање на две атомски централи поради безбедносни причини, јави дописникот на МИА од Берлин.

Министерката за животна средина Барбара Хендрикс побарала да бидат затворени реакторите во 40 години старите нуклеарки „Тиханг 2“ и „Доел 3“ се додека не се надминат безбедносните проблеми во постројките за производство на електрична енергија.

Според информациите на германските власти во двете централи кои што се сместени на границата меѓу Германија и Белгија има појава на деградација на металот од кој се изградени ректорите.

Tihang i doel3 nuklearna centrala Belgija

Двете централи, чиј животен век е продолжен до 2025 година, беа затворени лани, по што повторно во декември започнале со работа за да се зачуваат работните места во централите.

Германската министерка во своето барање користи информации од германската Комисија за безбедност на реактори, според која независните експери не можат да потврдат дека безбедносните мерки за двете нуклеарки можат да бидат спроведени без ризик.

Во март оваа година германските власти исто вакво барање за затворање на нуклеарни постројки упатија и до Франција во врска со најстарата централа Фесенхајм која што е сместена на границата меѓу Швајцарија и Франција. 

 

Испрати коментар

Scroll To Top