Двете најголеми германски компании за производство на електрична енергија, RWE и E.ON, бараат купувачи за десетина свои термоцентрали. Интересно е што купувачите можат да одберат и опција за купување на централата во делови.
Од компанијата E.ON тврдат дека во последно време имаат зголемен број барања токму за купување на опрема од термоцентралите. Германците особено би сакале да се ослободат од централите на гас, кои полека стануваат неконкурентни под напливот на енергијата од обновливи извори.