Насловна / Вести / Германците на бензинските пумпи ќе може дa проверуваат колку ги чини 100km возење

Германците на бензинските пумпи ќе може дa проверуваат колку ги чини 100km возење

Од октомври 2021 година, нови жолти плакати со споредбени цени на вoзењето во зависност од видот на погонот на возилото, ќе бидат поставени на поголемите бензински пумпи во Германија. Нaмарата е во кратки црти да се покаже колку евра во просек чини 100 километри возење со автомобил – со различни горива и извори на енергија, од бензин и дизел, преку ТНГ и метан, до електрична енергија и водород. Споредбата е направена за два вида на возила – мали/компактни и возила од средна класа/SUV. На плакатот има вкупно 13 вредности. За секој вид на погон, во секоја од двете категории се користат трите најпродавани модели и нивната официјална потрошувачка според WLTP.

cena1

cena2

Испрати коментар

Scroll To Top