Насловна / Вести / Германците градат најголема станица во светот за полнење на електрични автомобили

Германците градат најголема станица во светот за полнење на електрични автомобили

Оваа станица може да ја намали потрошувачката на гориво за 29,5 милиони литри годишно.

Бидејќи се повеќе и повеќе луѓе се одлучуваат за електрични возила, а паралелно со тоа многу европски земји воведуваат забрана за пристап на возилата со дизел мотори до потесните зони на нивните градови, потребата за електрични „пумпи“ се зголемува секој ден.електрични возила станица_3

Затоа германската компанија Sortimo одлучи да излезе во пресрет на возачите, така што на авто-патот А8 ќе ја изградат најголемата станица за полнење на електрични автомобили во светот со 144 полначи, пишува франкфуртскиот FAZ.

Станицата ќе биде опремена со соларни панели кои заедно со другите средства за интерно производство на енергија ќе ги напојуваат тие 144 полначи.електрични возила станица_2

Откако ќе биде изграден, Innovationspark Zusmarshausen ќе може да полни 4.000 возила дневно.

Денес колку и да се полначите на напојување напредни, тие сè уште бараат извесно време за полнење на батеријата на автомобилот. Затоа оваа станица ќе понуди ресторани, кафулиња и продавници, како и канцелариски простории во кој возачите ќе можат да работат додека чекаат да се надополнат нивните автомобили.

Станицата е дизајнирана да биде во еколошки дух, така што нејзиниот покрив ќе биде покриен со трева, а објектот ќе биде граден според LEED принципите на енергетска ефикасност. Како што велат од компанијата Sortimo „станицата е опкружена со зеленило, па затоа предвидовме места за одмор во природата додека автомобилите се полнат“.електрични возила станица_1

Проектот Innovationspark Zusmarshausen на автопатот А8, кој ја поврзува јужна Германија со Луксембург на запад и Салцбург на исток, доби поддршка од Министерството за транспорт и треба да биде изграден до крајот на 2018 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top