Насловна / Архитектура / Герлиц – малиот град со великодушни донатори

Герлиц – малиот град со великодушни донатори

gerliz-plostad

Малиот германски град во покраината Саксонија, во близина на границите со Полска и Чешка, некогаш ја имал најлошата репутација во Источна Германија, особено според односот кон архитектонското наследство. Најголем број од објектите биле во очајна состојба.

gerlic

Но, по обединувањето на Германија ситуацијата драматично се менува. Приказната ја започнуваат група ентузијасти во соработка со градските власти и поддршка од централната власт. Реставрацијата на околу 4.000 објекти вброени во регистарот на културно и историско наследство станува приоритет.

goerlitz

Се чини уште една вообичаена приказна за подемот на некогашна Источна Германија по обединувањето, но постои еден куриозитет – секоја година реставрацијата се врши со средства од анонимен донатор.

gerliz

„Секоја пролет, почнувајќи од 1995 година, Градот добива на својата сметка 500.000 евра наменети за ревитализација на објектите. Знам дека граѓаните сакаат да му се заблагодарат на донаторот (донаторите), и јас би го сакал тоа, но за жал тоа е невозможно. Мора да го почитуваме барањето за анонимност“, вели градоначалникот на Герлиц за Deutsche Welle.

gerlic2gerlic2 gerlic1 gerlivc5 gerlic4 gerlic3 gerlic-obnova gerlic-star-i-nov

Трансформацијата на старото градско јадро за овие 20 години е неверојатна, а тоа го покажуваат и фотографиите.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top