Насловна / Вести / Герхард Рихтер – прв на листата на најскапо продавани живи уметници на денешнината

Герхард Рихтер – прв на листата на најскапо продавани живи уметници на денешнината

rihter sotbi

Делото „Апстрактна слика“ на германскиот уметник Герхард Рихтер се продаде за рекордни 30 милиони фунти на аукцијата во „Сотби“ во Лондон. Рекордната сума за делото „Апстрактна слика“ го рангира Рихтер на првото место на листата на најскапо продавани живи уметници на денешнината.

Делото е насликано во 1986 година, а аукционерите од „Сотби“ го опишаа како една од најголемите слики на Рихтер и секако една од најхроматските во неговиот опус. Експертите велат дека имало голем интерес за ова дело на Рихтер, не само затоа што е најголемото по димензии туку и дека е едно од омилените на сликарот.

На истата аукција во „Сотби“ се продаде и делото „Две студии за автопортрет“ на Франсис Бејкон. Сумата за која се продаде, 14,7 милиони фунти, е дури 40 пати повисока од последната аукција на која се продаваше во 1990 година.

Монументалните фотореалистични дела на германскиот уметник Герхард Рихтер се високоценети од љубителите на уметнички дела во светот. Рихтер, кој живее во Келн, се смета за еден од најзначајните и најскапи модерни уметници во светот. За неговиот 80-ти роденден во Берлин беа презентирани негови дела. Најголемата изложба во Новата национална галерија сочинуваше 130 дела.

Испрати коментар

Scroll To Top