Насловна / Вести / Герасимовски: Наместо уривање, конфискација на нелегално изградените објекти

Герасимовски: Наместо уривање, конфискација на нелегално изградените објекти

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, до ЗЕЛС достави иницијативата за конфискација на дивоградби.

„Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на нејзината територија чие рушење чини стотици илјади евра. Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство“ објави  тој на Фејсбук.

д1

Преку оваа Иницијатива треба да се интервенира во две законски решенија – Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочна постапка.

За да се реализира оваа идеја на Герасимовски, ЗЕЛС треба да достави барање до Владата. Потоа Владата треба да ги изврши потребни законски измени за да може да се примени оваа одредба, а потоа тие измени да се изгласаат од пратениците во Собранието.

д2

„Доколку оваа иницијатива биде прифатена, очекувам широка дебата за носење на квалитетни измени во законите и барам поддршка од сите колеги градоначалници и функционери. Зад ова решение треба да застанеме заедно и заедно да се бориме против дивоградбите. Оваа иницијатива верувам ќе отвори дебата во јавноста и многу прашања и дилеми кои внимателно треба да се следат и адресираат во изработката на евентуалните измени во законите“, истакна Герасимовски по состанокот во ЗЕЛС.

Испрати коментар

Scroll To Top