Истражувањата кои се спроведени во електраната GTE Rittershoffen, во Франција, покажале дека геотермалната енергија при примена за греење и ладење предизвикува дури 40 пати пониски емисии од природниот гас. Споменатото истражување во склоп на европскиот GEOENVI го спровеле научниците и стручњаците од Универзитетот MINES ParisTech, и француската геотермално ененергетска компанија ES Géothermie, а податоците се неодамна објавени на Конференцијата за геонауката и инженерството во енергетската транзиција. Споменатата електрана се наоѓа во северен Алзас и има инсталиран топлински капацитет од 27,5 MW. Емисиите на стакленички гасови, во вид на еквивалент на јаглероден диоксид (CO2eq) од оваа електрана се проценуваат на 5,9 g/(kW h), што е дури 40 пати пониско од емисиите кои се генерираат при согорувањето на природниот гас за производство на истата количина на топлинска енергија. Покрај тоа, ако се анализира влијанието врз водата за пиење, ацидификацијата и примената на хемикалии, тие се во случајот на геотермалната енергија се 1,5 до 2 пати пониски отколку кај гасот.
Проектот GEOENVI има за цел да даде одговори на важни еколошки прашања за примената на геотермалната енергија, со цел тие податоци да се користат за развој на проекти. Проектот започнал во ноември 2018 година, и ќе се спроведува се до крајот на април 2021 година во шест европски земји: Белгија, Франција, Исланд, Италија, Унгарија и Турција.