Насловна / Вести / Геотермална централа во Чиле на височина од 4500 метри (Видео)

Геотермална централа во Чиле на височина од 4500 метри (Видео)

Cile-geotermalna centrala-4500m.

Италијанската компанија Enel и чилеанската ENAP, неодмна ја ставија во погон геотермалната електрична централа со инсталирана моќност од 48 MW , лоцирана на  4500 m надморска височина. Централа чија изградба претставува вистински градежен и човечки предизвик,  сместена е во најсушната пустина на светот долж брегот на Чиле.

Cile-geotermalna centrala-

Се состои од две единици со моќност од по  24 MW.  Технологијата се базира на т.н бинарен циклус (Binary cycle), во регион кој освен екстремната надморска височина е специфичен и по големи промени во температурата. Новата централа ќе биде пресвртница не само за Чиле, туку и за цела Јужна Америка во однос на диверзификацијата на производството на електричната енергија.

Cile-geotermalna centrala

Изведбата на овој импресивен и објект во срцето на пустината Атакама подетално е прикажана во видеото.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top