Геотехничкото проектирање како посебна област во рамки на геотехниката зазема суштински дел од изработката на речиси секој проект. Како фаза од проектирањето на секој објект геотехничкото проектирање генерално ги опфаќа следните позиции:
- фундирање на објекти и проценка на носивост на подтлото
- подобрување на подтлото (во услови кога подтлото не задоволува од аспект на носивост или дозволени слегања)
- заштита и одводнување на градежни јами (посебно важен сегмент при изведба на објекти во урбани средини)
- заштита од ерозија
- проектирање на насипи и насипни брани
- проектирање на депонии и јаловишта
- стабилизација на природни косини и косини од ископ
- санација на свлечишта и др.
- Санација на свлечиште на магистрален пат Битола – Ресен (насип од армирана земја по завршување на градба)
Една од основните фази пред започнување со геотехничкото проектирање речиси секогаш се геотехничките односно геомехничките теренски и лабораториски истражувања. Овие истражувања потребно е да се извршат на секоја локација на која е предвидено да се градат објекти. Нивната цел е да се добијат податоци за карактеристиките на застапени почвени и карпести материјали кои потоа се користат како влезни параметри во геотехничките анализи. Речиси секогаш како пред-фаза се вклучени и геодетските мерања на теренот кои се важни при изработка на геотехничкиот дел од проектите без оглед на типот на конструкциите кои се проектираат.
Санација на свлечиште на магистрален пат Битола – Ресен (изведба на насип од армирана земја)
Кога станува збор за линиски објекти, геотехничкото проектирање најчесто се вклучува при димензионирање на темелни конструкции за инженерските објекти на трасата (пр. мостови, вијадукти, пропусти, потпорни ѕидови и сл.), стабилизација на косините од засеците и расеците и нивна заштита од ерозија или одрони, како и димензионирање на насипи на трасата (земјани насипи, насипи од армирана земја и сл.). Притоа, пред започнување на геотехничкиот дел од проектот покрај неоходните геотехнички истраги и геодетско мерење на теренот, потребно е да бидат дефинирани сите елементи на трасата како и распоредот и карактеристиките на инженерските објекти.
Во последните години внимание предизвикуваат насипите од армирана земја кои сè почесто се применуваат во практиката. Еден ваков насип проектиран од компанијата Геинг Кребс унд Кифер е насипот од армирана земја на регионалниот пат Р2138, пат кој води од Скопје до новопроектираната населба Сончев град. Градбата на овој насип е во тек, а неговата максимлна висина е околу 22,0 m со што го вбројува меѓу највисоките насипи од армирана земја во нашата држава, но и на Балканот.
Санација на свлечиште на регионален пат (фаза на градба)
Како што беше наведено, геотехничкото проектирање како фаза е вклучено и при изработка на проектите за изведба на депонии. Светска практика е во проектирање на современите депонии да се вклучуваат експерти по геотехника кои работат на проектирање на вакви објекти, односно во најголема мерка работат проектирање на системи за изолација на депониското тело од подтлото, проверка и анализи на стабилност и напонско-деформабилна состојба на депонијата, како best online casino и димензионирање на мерки за затворање на депонијата по завршување на периодот на нејзина експлоатација.
При проектирање на објекти од високоградба, најважната улога на геотехничкото проектирање се деловите од техничката документација кои се однесуваат на заштита и одводнување на градежната јама и димензионирање на темелната конструкцијата на објектот. За да се изврши технички коректно димензионирање и усвојување на тип на темелна конструкција, претходно се врши проценка на носивоста на подтлото и, доколку е тоа потребно, се предвуваат мерки за подобрување на неговата носивост. Во вакви случаи многу важен сегмент е тесна соработка помеѓу инженерот кој работи на геотехничкото проектирање и инженерот конструктер кој работи на статиката на целата конструкција.
Фундирање на мост на Панорамско тркало на река Вардар
Посебно значајна улога геотехничкото проектирање има во проектите за санација на свлечишта. Вреди да се истакне дека во последните неколку години во Македонија се вложуваат средстава за изработка на вакви проекти, пред сѐ за санација на државните патишта кои се оштетени од појава на свлечишта. Во изработката на проектите посебно се издвојуваат решенијата во кои се применуваат современи градежни материјали како што се геосинтетиците, по што компанијата Геинг Кребс унд Кифер стана препознатлива како лидер во оваа област во Република Македонија. Ваквите решенија својата применливост ја докажаа и во практика, а како такви примери се издвојуваат проекти за санација на неколку свлечишта на регионални и магистрални патишта во државава каде се применети системи од армирана земја и потпорни конструкции изведени од габиони. Како позначаен ваков проект е проектот за санација на свлечиштето на регионалниот пат Битола – Ресен (изведена санација во 2010 година), каде што за санација на оштетената делница на патот е изведен насип од армирана земја со максимална висина од околу 12,0 m.
Генерално, областа на интерес на геотехничкото проектирање е таканаречената интеракција помеѓу објектите и подтлото, од што во голема мерка зависи однесувањето на конструкцијата во текот на нејзината експлоатација. Една од причините што може да доведе до нарушување на стабилноста и губење на функционалноста на секоја конструкција е токму интеракцијата со подлогата. За време на животниот век кај секоја конструкција се јавуваат деформации кои не зависат само од оптоварувањата што објектот ги пренесува на подтлото, туку и од јакосно-деформабилните карактеристики на почвата. Оттука е јасно дека правилно димензионирање на темелната конструкција и добра подготовка на подтлото влијае многу врз целосното однесување на објектот и ја диктира неговата стабилност и функционалност.
Во нашата држава сè повеќе се посветува внимание на областите што се од интерес на геотехничкото проектирање и воопшто геотехниката. Веќе се издвојуваат неколку компании кои се специјализирани во овие области, а една од нив е компанијата Геинг Кребс унд Кифер, чиј пристап подразбира постојано следење на развојот на новите технологии и примена на истите во секојдневната работа. Ова придонесува за изработка на висококвалитетни современи решенија по кои компанијатата стана препознатлива.
Подготвиле: Борис Богоевски, дипл.инж. по геотехника,
Наталија Алтановска, дипл.град. инженер
(ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)