Насловна / Вести / Геотехнички истражувања за изградба на потпорни ѕидови на Водно

Геотехнички истражувања за изградба на потпорни ѕидови на Водно

potporni zidovi za vodno_2

Општина Центар започна со геотехничките истражувања кои треба да ја испитаат стабилноста на земјиштето за да може да се изградат новите два неопходни потпорни ѕидови.
По последните поројни дождови се урна потпорниот ѕид кај градинката Кочо Рацин, жителите на улицата „Христо Чернопеев“ на Водно се жалат дека земјиштето се рони, а фекалии истекуваат и влегуваат во дворовите.
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, веднаш по невремето и по паѓањето на ѕидот излезе на терен и вети дека ќе се направат геотехнички истражувања и дека урбаната мафија нема да може да дивее на Водно.
Во моментов се копа петметарска длабока дупка која ќе покаже каква е фактичката состојба со земјиштето. По оваа постапка, општина Центар ќе пристапи кон изградба на новите потпорни ѕидови.potporni zidovi za vodno_1

Испрати коментар

Scroll To Top