Ентериерното студио Edit Architects, во областа Карлин, во Прага работеше на ентериерното уредување на стан каде посебен акцент е посветен на импресивните скалила со геометриски мотиви на оригами на задната страна на скалишните краци што е отворена кон ентериерот.
Со особено чувство за естетика и играта со геометриските форми, архитектите создаваат висок квалитет на моделирање и необичен, геометриски “ѕид” отворен кон ентериерот во различни проекции. При тоа чистата белина на геометријата е разбиена со контрастот на топлиот дрвен под, во ентериерот и на скалниците, создавајќи органска конекција и топлина.