Архитектонското студио Henning Larsen Architects неодамна ја проектираше зградата на Истражувачкиот центар за комуникација и дизајн на Универзитетот во јужна Данска во Колдинг. Објектот поседува кинетичка фасада која се адаптира на временските услови и ја регулира внатрешната температура.
Оваа зграда е првата која ги исполнила енергетските цели во Данска и исто така има високи поени за естетиката. Една од најважните карактеристики на зградата е прилагодливата фасада направена од метални панели (вкупно 1.600) кој се вклопени со локацијата и ја регулираат количината на природна светлина во внатрешноста на објектот.
Уникатната инсталација на уметникот Rehberger, поседува обоено LED осветлување кое се менува во текот на денот. Зградата со површина од 13.700 квадратни метри има систем за вентилација интегриран во таванските панели, ефикасно LED осветлување, фотоволтаици и соларно греење.
Тоа резултира во намалени енергетски потреби на оваа зграда за неверојатни 50% споредено со слични објекти во Данска.