Насловна / Архитектура / Геолошки музеј, проект на студио ММХ, МЕКСИКО

Геолошки музеј, проект на студио ММХ, МЕКСИКО

Архитектонското студио, Estudio MMX, со седиште во Мексико Сити, го открива својот проект за отворен геолошки музеј лоциран покрај плажата во пристанишниот град Прогресо на полуостровот Јукатан во Мексико. Градот е дом на повеќе археолошки локалитети на Маите како : Чичен Ица, Уксмал и Џибилчалтун.

4

Estudio MMX го дизајнираше музејот користејќи грид како шема, развивајќи серија волумени кои растат на различни висини. Конструктивно, музејот е целосно покриен со чукум (завршница од природни материјали на Маите) што ја подобрува неговата издржливост и генерира помали трошоци за одржување.

7

Целта на „Геолошкиот музеј“ е да се стави фокус на еден од најважните настани во историјата на планетата Земја: ударот на метеоритот што предизвика изумирање на илјадници видови пред 66 милиони години. Музејот беше отворен ова лето со ново име, од геолошки музеј во Музеј на метеорити.

8

Estudio MMX дизајнираше структура која евоцира идеи за архитектурата на Маите заедно со колонијалното наследство на урбаниот поредок. Структура која го олеснува поврзувањето со околниот јавен простор, генерира волумени придружени со игра од светло и сенка и вегетација. Проектот е составен од 45 призми со квадратна основа, на чии краеви, се формира дијагонала, (каде се наоѓаат две големи градини формирани од аглите на комплексот).

1

Музејот, лоциран во југоисточниот агол на комплексот, е составен од осум изложбени кубуси кои можат да се поделат на две поголеми секции, околу кои е организирана постојната изложбена поставка, мултифункционалниот простор за настани и просторот за привремени изложби. Овие области се поврзани со административен дел, истражувачки и архивски простори

2

„Музејот свесно го синтетизира локалното учење на Маите во симбиоза со современата архитектура, со што се генерира нов препознатлив јавен простор за жителите на градот Прогресо.

3

Проектот за новиот геолошки музеј (Прогресо, Јукатан), воедно претставува и нов културен и јавен просторен елемент, во постојното урбано јадро. Различните делови од програмата се поврзани со контекстот, преку серија програмски случувања во надворешноста.

5

Плоштадот е организиран околу страните на централниот коридор притоа формирајќи континуирани зелени коридори се надоврзуваат на аглите на плоштадот, овозможувајќи искусување на градското ткиво преку формирање нови визури. Кафетеријата и работилниците на музејот се одвоени од него за да го опслужат целиот плоштад, со што се овозможува поврзување на различните функции истовремено и на музејската зграда со урбаната динамика на градот.

Испрати коментар

Scroll To Top