Насловна / Вести / Geo Power Zagocha на лето почнува да ја гради втората геотермална електрана во Хрватска

Geo Power Zagocha на лето почнува да ја гради втората геотермална електрана во Хрватска

Во текот на претстојното лето, Geo Power Zagocha ќе ј започне изградбата на геотермалната електрана со инсталирана моќност од 20MW. Постројката во која ќе бидат инвестирани 71 милиони евра, ќе биде подигната во Вировитичко-подравската жупанија, во Општината Чаѓавица.

geo1

Geo Power Zagocha во 2018 година, на тендерот на Агенцијата за јаглеводороди ја доби дозволата за истражување на геотермални води во истражниот простор „Слатина 2“, а во текот на минатата година ја покренала процедурата за добивање на согласност за изградба на електрана. Најавата за почеток на работите следувала по состанокот на Драган Јуриј, сопственикот на компанијата Geo Power Zagocha, надлежниот жупан и градоначалникот на Општината, по што е издадена и локациска дозвола. „После завршувањето на геотермалната електрана во близината на Бјеловар, размисливме за уште една таква инвестиција, истражувавме каде има геотермален потенцијал и пронајдовме дури и поатрактивно подрачје од првото“, рекол Јуриј.

geo2

Драган Јуриј изјавил дека изградбата на експлоатациската бушотина и електраната e почетно вложување, а дека потоа се размислува за надоврзување на некои други стопански активности, поради можноста за секундарно користење на топлинската енергија, “Јас сум во овој случај инвеститор. Имаме специјално проектно друштво кое се вика Geo Power Zagocha. Zagocha е додадено затоа што некогаш Чаѓавица се викала Zagocha“, додава Јуриј.

geo3

 

Испрати коментар

Scroll To Top