Замислете да имате големи фиксни прозорци кои сепак нудат можност за проветрување на просторот? Прозорците, создадени од корејскиот стартап Ublo, имаат отвори што може да се отвораат и затвораат по потреба.
Ublo прозорците се составени од три дела: стаклен панел со изолација, кружен отвор покриен со капак и рамка на прозорецот.
„Овој принцип на застаклување на фасадата овозможува свеж воздух да влезе во внатрешните простори без потреба од скапи, подвижни лизгачки врати и прозорци. – велат од стартапот.
Отворот со пречник од 15 сантиметри овозможува воздухот да влезе во просторијата, но може лесно да се затвори и со вртење на капакот.
Корисниците исто така можат да постават специфични барања во врска со поставувањето на отворот и стилот на рамката, а Ublo може дури и да ги приспособи капаците со дополнителни функции како што се вградени уметнички дела, саксии со цвеќиња или светлосни тела.
„Креираме минималистички прозорци имајќи ја на ум планетата и луѓето. Наша цел е да ги намалиме емисиите на јаглерод диоксид со поедноставување на компонентите, со цел да се минимизира употребата на рамки и да се создадат енергетски ефикасни прозорци“. , изјави директорката на Ublо, Naree Kim.
Дупка во прозорец?
Иако Ublo прозорците овозможуваат свеж воздух да влезе во просториите преку отвор со дијаметар од 15 сантиметри, се поставува прашањето дали таквиот систем може да обезбеди соодветна вентилација во сите климатски услови. Имено, отвор со релативно мала површина би можел да биде недоволен во простории кои бараат поинтензивна вентилација, како што се кујните или бањите.
Од естетска страна, Ublo прозорците предизвикуваат дилема. Имено, иако минималистичкиот дизајн може да изгледа привлечен во современите архитектонски проекти, прашање е колку е естетски прифатлив кружниот отвор на средината на стаклената површина. Не сите корисници ќе бидат воодушевени од идејата за „дупка“ во средината на прозорецот, која може да делува како прекин на чистите линии и транспарентноста што вообичаено ги обезбедуваат стаклата на прозорците.
Конечно, иако прозорците се со минималистички дизајн, прашањето за долгорочната издржливост на материјалот, особено во екстремни временски услови, би можело да биде клучен фактор при одлучувањето за нивно користење.